Лахмаџун се подготвува така што топче тесто се развлекува во круг со цел да се создаде што е можно потенко тесто, се премачкува со тенок слој мелено месо и зачини, а потоа накратко се пече во загреана рерна. Ова турско јадење е популарно и во Ерменија, Кипар, Ирак, Израел, Либан и Сирија.
Потребни состојки:
За тестото:
– 240 г обично брашно
– 1 ипол лажичка сув квасец
– 1 лажичка шеќер
– пола лажичка сол
– 1 големо јајце
– 120 мл млеко
– 60 мл екстра девствено маслиново масло
Полнење:
– половина кромид
– 10 мали домати
– 1 лажица доматно пире или кечап
– 2 лажици сечкан магдонос или коријандер
– 1 ипол лажичка сечкано нане
– 1 лажичка чили
– половина лажичка мелен ким
– половина лажичка цимет
– сол и црн пипер по вкус
– 150 г мелено јагнешко или говедско месо
Подготовка:
За да го направите тестото, прво малку загрејте го млекото. Во голема чинија измешајте брашно, квасец, шеќер и сол. Направете дупка во средината и додадете ги јајцето, загреаното млеко и маслиновото масло. Месете 5 до 6 минути додека не добиете мазно и еластично тесто. Покријте го садот со фолија или чиста крпа и оставете го 2 часа за тестото да нарасне. Потоа тестото префрлете го на набрашнета површина, поделете го на четири еднакви делови и обликувајте топчиња. Покријте повторно со фолија или крпа и оставете го тестото да отстои уште 30 минути. Во меѓувреме, додека го чекате тестото, ставете плех во рерната и загрејте ја на 250 степени. Направете го филот така што прво ќе ги исечете доматите на половина, ќе ги извадите семките и ќе го исцедите сокот. Сите состојки, освен месото, ставете ги во блендер или процесор за храна и изблендирајте. Додадете го месото и мешајте додека не добиете паста. Вратете се на тестото. Земете едно топче и малку побрашнете го, па тенко тегнете го во круг. Расуканото тесто ставете го на хартија за печење и лесно премачкајте ги рабовите со маслиново масло. Рамномерно распоредете го филот врз тестото – внимавајте да не се скине тестото. Ставете го во плех и печете 5 до 6 минути. Постапката повторете ја со остатокот од тестото и филот.