Вил Смит мета на критики поради видеото во кое му се извинува на Крис Рок: Си го промовира брендот?

2 mins read

Откако Вил Смит објави видео во кое му се извинува на Крис Рок поради инцидентот на Оскарите, тој стана мета на критики на социјалните мрежи бидејќи на масата до него стоеше шише од неговиот бренд „JUST Water“.

„Жал ми е, но кога Вил Смит сублиминално ја рекламира својата компанија во видео за извинување, тешко е да се поверува што зборува“, напиша еден корисник на „Твитер“. „Гледам дека Вил Смит објави нова реклама во форма на видео со извинување“, напиша друг корисник.

Добил инспирација на 12 години

„JUST Water“ се продава како флаширана изворска вода која доаѓа во еколошка, рециклирана картонска амбалажа. Компанијата беше основана во 2015 година од Џејда и Вил Смит со нивниот син Џејден. Со текот на времето тој ја презел компанијата која сега, според странските медиуми, вреди 100 милиони долари.

вил смит
Вил Смит / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Во интервју за „Fast Company“ во 2019 година, Џејден призна дека одлучил да основа компанија која ќе ги замени пластичните шишиња со поеколошки материјал откако видел куп пластика во океанот.

„Знаев дека ќе биде многу тешко на пример да се направи нов сок. И знаев дека рецептот за вода е горе-долу ист насекаде низ светот и дека ќе биде полесно да се создаде компанија која ќе произведува флаширана вода“, призна Џејден. „Знаев дека сакам да го направам тоа уште кога имав, отприлика, 12 години“, додаде тој во интервјуто.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Илиевски третопласиран на првата трка од серијата на Ултра маратони

Следно

Како до оптимална цена за тестовите за Ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian