ВИДЕО: Шпанскиот премиер Санчез донесе пораки на поддршка за македонските евроинтеграции

1 min read

Шпанскиот премиер Педро Санчез, кој попладнево пристигна во официјална посета на Македонија, како дел од неговата балканска турнеја, по средбата со македонскиот колега Димитар Ковачевски пренесе пораки на поддршка за евроинтегративните процеси на земјава.

„Северна Македонија е во Европа – како географски, така и историски и сега сте еден чекор поблиску до вашата посакувана цел. Можете да сметате на поддршката од Шпанија на вашите следни чекори за членство во ЕУ. Ве поддржуваме и ќе продолжиме да Ве поддржуваме,“ рече Санчез на заедничката прес-конференција со Ковачевски по средбата.

„Благодарност за вашата широкоградост и одговорност, што ја ставивте иднината на земјата и вашата европска визија пред било кој друг интерес. Ја направивте правиот избор, го деблокиравте патот што ќе ја доведе Северна Македонија на местото каде што треба да биде“, додаде шпанскиот премиер.

Како дел од првата официјална посета на премиерот на Кралството Шпанија, делегациите од двете земји остварија и билатерална средба на која присуствуваа и првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Жена по одморот во Хрватска во својот куфер пронашла 18 скорпии

Следно

Тагува кошаркарскиот свет, почина легендарниот Бил Расел

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian