Фудбалерите на Барселона ја совладаа екипата на Њујорк Ред Булс со 2:0 (1:0) во пријателскиот натпревар одигран во Њу Џерси, САД.
Каталонците пред 24.000 гледачи покажаа дека се наоѓаат во солидна форма пред почетокот на сезоната, а навивачите имаа можност и да го видат засилувањето, напаѓачот Роберт Левандовски.
Полјакот имаше добри шанси кои изненадувачки не ги искористи и не успеа да се запише во листата на стрелците. Во 17 минута се обиде со глава, а три минути подоцна по соло акција шутираше над голот.
Голманот на Њујорк успеа да влезе во неговиот удар во 24 минута кога сите очекуваа гол, а уште еднаш во 53 минута со врвот на прстот спречи топката да влезе во голот по ударот на полскиот напаѓач. Во 58 минута Левандовски се обиде со волеј удар од десетина метри, но голманот го запре и тој удар.
Барселона поведе во 40 минута преку Дембеле на додавање на Рафиња, Усман со остар удар од непосредна близина биеше во долниот десен агол. Сè беше решено на три минути пред крајот, кога Мемфис Депај по една длабока топка го искористи недоразбирањето меѓу голманот и дефанзивецот на Њујорк, за да ја смести топката во небранетата мрежа.
Следниот натпревар Барселона ќе игра за трофејот „Жоан Гампер“ на 7 август, а противник е екипата на Пумас УНАМ.