Пожарот кој од попладнево беснее над местата Затон и Орашац на хрватското приморје, во Дубровничко-неретванската жупанија, го гаснат најмалку 29 пожарникари со десет возила.
Покрај припадниците на ЈВП, пожарот го гаснат и дубровничките пожарникари и три ДВД-а и интервентната единица. Набрзо пристигнале и четири авиони „канадери“, кои повеќе часови истураат вода врз запалената шума.
Пожарникарите известуваат дека ситуацијата на местото на пожарот постојано се менува, јавуваат локалните медиуми.