Ветер ноќва ќе ги растера облаците, во следните денови сончево и сѐ потопло

2 mins read

Времето денеска беше сончево и топло со мала локална облачност во северните делови. Од пладневните часови облачноста се прошири во останатите делови од земјата и особено во штипско и во делови од Пелагонија почна да засилува северен ветер. Попладнево повеќе облачност имаше во западните делови од земјата и таму понекаде имаше краткотраен пороен дожд. Доцна попладне ветерот засилува во Штип и околината, повремено е со удари од 45 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Облачноста доцна попладнево ќе се намалува, а ветерот ќе засилува долж Повардарието и во првиот дел од ноќта. Потоа ветерот ќе намали, но ќе остане по малку ветровито.

Најтопло денеска беше во Гевгелија 35 степени, во Демир Капија 34, во Струмица 33, во Охрид и Битола 32, во Штип 31, во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Виница и Претор 30 степени..

Времето утре ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено силен ветер (до 60 километри на час) од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степен.

Во наредниот период следува стабилно време. До вторник ќе дува умерен до силен северен ветер (до 60 километри на час) кој ќе биде најизразен вдолж Повардарието и во источните делови. Дневните температури од утре ќе бидат во постепен пораст.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Братот на Џоли по долго време виден во јавноста: Џејмс и Анџелина беа неразделни, сега не зборуваат

Следно

ВИДЕО: Гори шума кај Дубровник, четири „канадери“ го гаснат пожарот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian