Весникот „Eкспрес“ пренесува: Прободен и претепан британски војник во Скопје

3 mins read

Угледниот британски весник „Експрес“, во ексклузивна објава ја пренесува сторијата за британскиот војник кој бил на обука во Македонија, а во својата земја се вратил по инцидент со друг војник и со сериозни повреди, претепан и прободен.

Жртвата, која сакала да остане анонимна, по инцидентот во Скопје, сега е со тешки телесни повреди.

Настанот се случил во ноќниот клуб „Салун“ во центарот на Скопје на 11 мај. Тој раскажува дека додека пиеле во клубот, друга група британски војници кој говореле англиски, видно алкохолизирани влегле во локалот. 

Како секој нормален човек, кога ќе слушне дека некој говори англиски ги прашав од каде доаѓаат, тие ми одговорија дека се од Колчестер и дека се дел од 16-та воздушна бригада. Потоа ги прашав што ги довело во Скопје, а тие рекле дека биле „распоредени овде на обука“, раскажува понатаму војникот. 

Мажите биле облечени во маици на британската армија, тврди тој. Сите биле атлетски градени и со кратка кафена коса. 

Анонимниот војник сведочи дека откако разговарал со нив видел дека тие се видно агресивни и подготвени за инцидент по секоја цена. Од тие причини заминал на другата страна од барот, без да сака да направи инцидент.

Но, тој сведочи дека по излегувањето од барот напаѓачите му ја напукнал главата на работ на тротоарот, оставајќи го со „гаден потрес на мозокот, од кој сè уште има последици“. Тој вели дека од еден од нив бил избоден и во левата рака со скршено пивско шише. Повреди од кои долго се лекувал и се уште има последици. 

Случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи, а во полицискиот билтен стои дека тој  во 12.30 часот во Полициската станица Центар, В.С.(37) од Велика Британија  пријавил дека околу 03.30 часот пред угостителски објект на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, тој и неговите пријатели Д.И., С.Д.Х, И.С.Л. и Л.К. биле физички нападнати од четири лица, исто така, од Велика Британија, при што едно од нив со стаклен предмет му нанело повреда на раката.

На 18 мај, британската амбасада во Скопје информира дека обвинението за нападат е земено со висока сериозноста. Писмо без датум од Рејчел Галовеј, амбасадорката на Обединетот кралоство во Македонија, вели дека локалната полиција и понатаму останува отворена за расчистување на случајот.

skopjeinfo.mk

Претходно

Бајден повторно позитивен на коронавирусот, се враќа во изолација

Следно

Грузискиот репрезентативец Корсантиа е нов кошаркар на Гостивар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian