СМЕШНО ВИДЕО | „Совршена аналогија на мојот живот“: Куче се лизна и падна во базенот… Двапати.

1 min read

Кучињата понекогаш знаат да бидат прилично смешни и разиграни, особено кога во приказната е вмешана вода. Повеќето раси сакаат вода, сакаат да се капат и со нетрпение очекуваат какви било игри со вода. Како што може да се види на ова видео кое стана хит на социјалните мрежи, некои кучиња воопшто не го доживуваат трагично моментот паднат во базен, па дури и двапати по ред.

Кучето стоеше покрај базенот и радосно мавташе со опашката гледајќи во водата. Потоа се лизна, падна во водата и поплива малку, се искачи преку работ на базенот и се истресе. Брзо тргна кон сопственикот, но штом направи неколку чекори повторно се лизна и заврши во водата.

„Совршена аналогија на мојот живот“, „Мислам дека првиот пат беше намерно, но вториот пат дефинитивно не беше“, „Кучето беше толку фокусирано на својот сопственик што не забележа дека има вода пред него“, коментираат луѓето за слаткото видео.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонија ја запиша и втората победа на Светското кадетско првенство

Следно

„Курти е срам за денешниот Балкан“: Брнабиќ го брани Вучиќ откако Приштина го обвини дека е виновен за тензиите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian