Нови тензии на Косово, Вучиќ: Од полноќ Приштина почнува акција, ќе спречува влез со српски лични карти и КМ таблички

5 mins read

-Сакам да ве информирам дека ситуацијата е многу комплицирана и сложена. Знам дека многу луѓе со години, децении не сакаат ни да слушнат за вистинските проблеми со кои се соочува нашата земја. Албанците испратија две единици со 21 тон гориво на административните премини, со желба да ги спречат оние што имаат српски лични карти. Сето ова треба да почне вечерва на полноќ, а во исто време да ги убеди Србите да се откажат од КМ табличките – изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на прес-конференција во Претседателството на Србија.

-Режимот во Приштина секогаш се обидува да се направи жртва, обидувајќи се да го искористи расположението во светот каде што мислат дека големиот Путин му наредил на малиот Путин, па новиот Зеленски во ликот на Курти ќе го спаси народот од големосрпски хегемонија – вели Вучиќ.

– Албанците се единствени и секогаш имаат поддршка. Тие се повикуваат на договорот за слобода на движење, точка 3 потпишан од Борко Стефановиќ и Едита Тахири. Албанците го користат ова, иако никој не разбира зошто. Како некој намерно да сака да предизвика дополнителни проблеми. Во договорот е јасно дека правилата не можат да важат за Србите од Косово, дека не можете да ги запрете со српска лична карта и да им кажете дека не можат да преминат, бидејќи тоа би значело воведување на етнички принцип. Друга работа е тоа што Албанците сакаат да го искористат и да кажат дека тоа е реципроцитет и ние го имаме во согласност со нашиот устав. Во согласност со нашиот Устав, Косово е дел од Србија, затоа нема да го ослободиме затоа што се однесуваме одговорно – вели Вучиќ.

Како што истакна, во однос на табличките ние и денес сакаме таблички КС.

– Имаме договор од 2016 година во кој стои дека важноста на табличките КС ќе биде продолжена за уште 5 години, до 2021 година. Меѓутоа, во 2020 година, на 17.9. Приштина доброволно и самоволно ги укина табличките КС – рече Вучиќ покажувајќи ги оригиналните документи од Приштина.

Приштина денеска сака да каже дека тие таблички веќе не постојат, затоа ги укинуваме и нема да дозволиме постоење на таблички на КМ, за никој да не помисли дека на територијата на лажната држава Косово има остатоци од друга држава. Тие се во позиција каде што нема ништо што не се обидуваат да им го продадат на Србите, а Србите не го сакаат тоа. Затоа ја водат оваа кампања, рече Вучиќ.

Како што изјави вчера директорот на канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, на вонредна конференција за состојбата во јужната српска покраина, претседателот Вучиќ вчера се сретна со претставници на Србите на Косово.

Приштина, инаку, најави дека од 1 август ќе почне да ја применува реципрочната мерка за пререгистрација на регистарски таблички, како и за лични карти. Во административната инструкција, прецизираше косовското Министерство за внатрешни работи, возилата со регистрации „ПР“, „КМ“, „ПЗ“, „ГЛ“, „УР“, „ПЕ“ и „ДА“ или „ЃА“ ќе бидат пререгистриран во РКС.

Од вчера инциденти на Косово

Припадниците на специјалната полиција на Косово вчера приведоа двајца млади момчиња од српска националност во близина на Зубин Поток бидејќи носеле маички со мапата на Косово во боите на српското знаме и натпис „Нема предавање“. објави РТС.

Српски извори од северот на Косово објавија дека полицијата ги испрашувала младите, ги малтретирала, им ги земала маичките и ги присилувала да ги кинат во полициската база Брњак, а откако ги земале нивните изјави им напишале пријави за „поттикнување расна и национална омраза“.

На повеќе локации во северниот дел на Косовска Митровица деновиве се поставени плакати со натписи против одлуката на властите во Приштина да почнат со пререгистрација на српските регистарски таблички со почетните букви на градовите во Косово и околу невалидноста на српските лични карти на 1 август.

На плакатите пишуваше „Не се предаваме, останува српската лична карта“. Претходните денови беа видливи плакати – „Не се предаваме, останува КМ“.

Министерството за внатрешни работи на Косово соопшти дека кампањата за промена на регистарските таблички продолжува и покрај протестите на северот на Косово и од Белград.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ХОРОР: Избодени пет лица додека се спуштале по река во Висконсин, загина тинејџер

Следно

Вкусот на медитеранот на вашата трпеза: Направете си лахмаџун или турска пица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian