На концерт на Дуa Липа, некој од присутните запалил огномет: Тројца повредени

3 mins read

При крајот на настапот на пејачката Дуа Липа во арената „Scotiabank“ во Торонто на 28 јули, во салата бил запален огномет, поради што концертот бил прекинат малку порано, пишува „CNN“.

Полицијата соопшти дека тројца посетители се здобиле со полесни повреди. Еден од посетителите истакна дека многумина на концертот не биле свесни дека импровизираниот огномет всушност бил непланиран.

„Беше при крај на концертот, а веќе беа пуштени конфети, па мислевме дека тоа е дел од финалето. Тоа не вознемири никого освен луѓето на сцената, но беше страшно“, изјави еден посетител за странските медиуми.

 

Дуа Липа проговори за немилиот настан на својот официјален инстаграм-профил.

„Синоќа неовластен огномет беше испукан во толпата за време на мојот концерт во Торонто. Создавањето безбеден и инклузивен простор на моите настапи е секогаш мој главен приоритет, а мојот тим и јас сме шокирани и збунети од ова случување исто како и сите вие. Во тек е истрага и сите инволвирани работат напорно за да дознаат како се случил инцидентот“, напиша пејачката. „Многу ми е жал за секој што се исплашил, се чувствувал небезбедно или чие уживање во изведбата беше компромитирано на кој било начин“, додаде таа.

Портпаролот на „Maple Leaf Sports & Entertainment“ рече дека посетителите на сите настани мора да поминат низ детектори за метал пред да влезат во арената. Тој се огласи за инцидентот на концертот на пејачката.

„На крајот од концертот во „Scotiabank“ арената, човек од публиката запали нелегален огномет на подот на арената. Како резултат на тоа, три лица беа полесно повредени, но заминаа дома без потреба за дополнителна медицинска помош“, велат тие. Истрагата е во тек.

Липа моментално е на турнејата „Future Nostalgia“, каде го промовира својот истоимен албум. Турнејата требаше да започне во 2020 година, но беше одложена поради пандемијата. Турнејата на Дуа Липа е предвидено да трае до ноември со финален настап во Австралија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Алиоски од следната сезона ќе игра за Фенербахче?!

Следно

Почина поранешниот филипински претседател Фидел Рамос

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian