Морничав дедо од Норвешка снимал голи деца во Ровињ, го уапсиле откако го пријавил чувар

1 min read

Полицијата во хрватскиот приморски град Ровињ уапсила 81-годишен норвешки државјанин поради основано сомнение дека сторил кривично дело искористување деца за порнографија, односно дека фотографирал голи деца, информираа властите.

Како што пренесе Н1, повикувајќи се на полицијата, чувар во туристичко место во околината на Ровињ во четвртокот попладне забележал маж како седи во близина на детски парк и држи мобилен телефон во раката. Сомневајќи се дека фотографира голи деца, обезбедувањето повикало полиција, а полицајците ги пребарале мобилниот телефон, таблетот и УСБ-то на норвешкиот државјанин.

Тие пронашле фотографии и видеа на кои се гледаат голи деца, како и „други инкриминирачки содржини“, соопшти истарската полиција.

Во петокот, осомничениот бил приведен во притвор на Полициската управа на Истар.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Украински милионер загина во бомбардирањето на Миколаев

Следно

Братот на Џоли по долго време виден во јавноста: Џејмс и Анџелина беа неразделни, сега не зборуваат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian