Курти: Вучиќ и Петковиќ се главните виновници за напнатата атосфера во северно Косово

2 mins read

Премиерот на Косово Албин Курти преку видеопорака реагираше на последните настани на северот. Тој рече дека пред спроведувањето на „мерките на реципроцитетот“ со Србија, „нелегалните српски структури на север почнале да ги блокираат патиштата“.

За актуелната напната атмосфера на северот на Косово, тој ги обвини српскиот претседател Александар Вучиќ и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ.

Курти рече дека Владата на Косово е „демократска и прогресивна“ и оти таа „ги сака, почитува и спроведува законот и уставноста, мирот и безбедноста за сите граѓани, без оглед на нивната етничка припадност“.

„Правниот ред и безбедносните тела на нашата земја собираат информации, ја следат ситуацијата и ќе дејствуваат во одбрана на законот и граѓаните, нашиот суверенитет и територијален интегритет“, рече Курти, според РТК.

Во северниот дел на Косовска Митровица попладнево се огласија и сирени за узбуна, додека на повеќе патишта кои водат кон граничните премини Брњак и Јариње беа поставени блокади, кои предизвикаа километарски колони, пред косовските власти целосно да ги затворат премините.

Ова се случи само неколку часа откако претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ѝ се обрати на јавноста тврдејќи дека Приштина подготвува напад врз косовските Срби и погром како оној во 2004 година.

Српските власти неколку дена повторуваа дека на косовските Срби им се подготвува „пекол“, а во текот на денот се појавија вести дека силни косовски специјални полициски единици се упатуваат кон северот, кои косовската полиција ги нарече „лажни вести“.

Тој рече дека „ако Албанците не сакаат мир, Србија ќе победи“, односно во пресрет на воведувањето на „мерките за реципроцитет“, чие спроведување треба да започне вечерва на полноќ, со кои Приштина повеќе нема да ги признава како валидни документите на нејзини жители издадени од Србија, како ни српските регистарски таблички на нивните автомобили.

ВИДЕО: Тензии на северот на Косово – камиони ги блокираат патиштата, сирени за узбуна во Митровица

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вработена на луксузен брод за крстарење покажа во каква минијатурна кабина живее

Следно

Македонија ја запиша и втората победа на Светското кадетско првенство

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian