„Курти е срам за денешниот Балкан“: Брнабиќ го брани Вучиќ откако Приштина го обвини дека е виновен за тензиите

2 mins read

Српската премиерка Ана Брнабиќ се вклучи во интензивното препукување меѓу Белград и Приштина, откако денеска избија нови нови тензии на северот на Косово, кога локалните жители-Срби, тврдејќи дека Албанците, со помош на властите, се подготвуваат да ги нападнат, ги блокираа патиштата кои водат до административните премини кон Србија, Брњак и Јариње.

Србите протестираат поради новите административни правила кои Приштина ќе ги спроведува од полноќ, со кои Косово повеќе нема да ги признава личните документи на негови жители издадени во Србија.

Вучиќ попладнето изјави дека „Србите повеќе нема да трпат зулуми“ и директно ги обвини властите во Приштина дека се подготвуваат да извршат нов погром на Србите, како оној во 2004 година.

На ова одговори косовскиот премиер Курти, кој ги обвини Вучиќ и првиот човек на Канцеларијата за Косово на српската влада, Петковиќ, дека се виновни за денешните тензии.

Вечерва, Брнабиќ ја нарече изјавата на Курти „срамна“.

„Сѐ што гледаме денес е резултат на едностраните потези на Курти. Србија не направи ништо за да ја започне оваа криза, Србите во Косово не направија апсолутно ништо за да го предизвикаат ова што го гледаме денес. Напротив, ова е епилогот на повеќегодишното малтретирање на Србите на Косово и Метохија и непочитување на меѓународните договори. Претседателот Вучиќ и Србија повикуваат на мир, стабилност, поврзување и соработка, а Аљбин Курти е срамот на денешниот Балкан. Курти е човек чија единствена политика е постојано насилство и постојани провокации“, рече српската премиерка.

„Курти е тој што ги доведе работите до оваа точка – со откажување на правото на глас за Србите, забрана за одржување избори на територијата на Косово и Метохија, непочитување на Бриселскиот договор и отворено признавање дека Приштина никогаш нема да го спроведе Бриселскиот договор. како и намерно погрешно толкување и селективно толкување на старите договори“, заклучи Брнабиќ.

И Москва се јави околу напнатоста во северно Косово: Србите нема да останат рамнодушни

www.slobodenpecat.mk

Претходно

СМЕШНО ВИДЕО | „Совршена аналогија на мојот живот“: Куче се лизна и падна во базенот… Двапати.

Следно

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево, топло но и ветровито време

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian