„Каква среќа“: Американец освоил џекпот од 1,28 милијарди долари

1 min read

Американец од сојузната држава Илиноис освоил 1,28 милијарди долари на лото. Имал среќа со броевите 13, 36, 45, 57 и 68 и дополнителниот број 14, а лото ливчето го уплатил на бензинска пумпа во градот Де Плејн.

Добитникот сега има две опции во врска со исплатата. Доколку сака целата сума да му легне на сметката, ќе треба да чека 29 години, односно секоја година лотаријата ќе му исплаќа околу 44 милиони долари.

Втората опција, која ја избираат многу добитници, е веднаш да се исплати поголемиот дел од добивката, а остатокот воопшто да не се исплати. Во оваа варијанта, мажот на својата сметка би добил 742 милиони долари.

Би-би-си пишува дека шансата за добивка била 1 на 300 милиони уплати. За споредба, шансите човек да биде погоден од гром се 1 во милион, додека шансите земјата да ја погоди голем астероид се 1 спрема 8.000. Шансите обичните луѓе да освојат олимписки медал се 1 спрема 662.000, додека детелина со четири листа е една од 1 во 10 илјади.

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Европско првенство, А Дивизија: Јуниорите немоќни против Франција

Следно

Заседава Советот за безбедност на Косово пред утрешниот старт на реципроцитетот кон Србија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian