Иран е подготвен да преговара за повторно активирање на договорот од Виена

1 min read

Главниот ирански нуклеарен преговарач Али Багери Кани денеска изјави дека Иран сака преговорите за повторно активирање на нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Техеран и големите светски сили да завршат што е можно поскоро.

– Ги предложивме нашите идеи за да го отвориме патот за брзо завршување на преговорите во Виена. Од наша страна, ние сме подготвени да ги завршиме преговорите за краток временски период, доколку и другата страна е подготвена да го стори истото, напиша Кани на Твитер.

Кани ова го соопшти коментирајќи го предлогот за повторно активирање на договорот што во вторникот го изнесе високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за заедничка надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Борел тогаш соопшти дека предложил нов нацрт документ за заживување на иранскиот нуклеарен договор и додаде дека нема простор за големи компромиси.

kurir.mk

Претходно

Рано е да се отворат петте нови ковид-амбуланти, вели Сали: Во Скопје ПЦР-тест се чека само еден ден

Следно

Вучиќ: Приштина сака да нападне, ама Србите повеќе зулуми нема да трпат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian