ХОРОР: Избодени пет лица додека се спуштале по река во Висконсин, загина тинејџер

1 min read

Маж (52) од САД е обвинет за убиство на тинејџер и повредување четворица возрасни додека се спуштале по река во Висконсин.

Осомничениот, кој е од Минесота, со нож избодел пет лица додека пливале по реката Епл, при што убил 17-годишник, а четворица се здобиле со тешки повреди, објави Ен-Би-Си Њуз.

„Една жена и тројца мажи на возраст од 20-ина години го преживеаја инцидентот. Најмалку тројца се хоспитализирани во критична состојба, додека четвртата жртва претрпе сериозни повреди“, изјави шерифот од Висконсин, Скот Кнадсон.

Инспекторите се уште не го утврдиле мотивот за нападот. Инцидентот се случил околу 15.45 часот во саботата во Сомерсет.

Кнадсон рече дека осомничениот и жртвите биле во различни групи луѓе кои се спуштале по реката во исто време.

Осомничениот сега е во притвор. Полицијата го фатила со помош на цивили, од кои еден го фотографирал.

kurir.mk

Претходно

Во сообраќајна несреќа загинаа двајца членови од продукцијата: Бендот „Тропико“ го откажа концертот

Следно

Нови тензии на Косово, Вучиќ: Од полноќ Приштина почнува акција, ќе спречува влез со српски лични карти и КМ таблички

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian