Официјално, репрезентативецот на Грузија Гиорги Корсантиа ќе ги брани боите на кошаркарскиот клуб Гостивар.
Играчот е висок 207 сантиметри кој може да ги покрива позициите 4 и 5 и доаѓа од редовите на грузискиот шампион, Кутаиси.
Во тамошното првенство имаше одлична сезона и беше еден од најдобрите со просек од 17,7 поени и 10 скока по натпревар.
Од претходно е познато дека Ренато и Роберт Димитриевски продолжуваат во КК Гостивар. Тие кои се во клубот од самото основање ќе настапуваат за него осма сезона по ред. Следната сезона дресот ќе го носи и Војче Лефкоски.
Максим Митевски исто така го засили тимот доаѓајќи од МЗТ Скопје Уни Банка, а следната сезона како помошник тренер останува Никола Димитриевски.