Ферстапен е неприкосновен: Актуелниот Ф1 шампион славеше и во Унгарија

1 min read

Една одлична, интересна, возбудлива Формула 1 трка на Големата награда на Унгарија – актуелниот шампион, возачот на „Ред Бул“, Макс Ферстапен, стартуваше од 10 место на Хунгароринг, а заврши прв!

Грешките во квалификациите не му пречеа на Холанѓанецот кој денеска стигна до 28 победа во кариерата.

Одлично возење од Ферстапен и Ред Бул, а Мерцедес можат да бидат задоволни од случувањата на Хунгароринг – Луис Хамилтон заврши на второто место, а Џорџ Расел (кој ја имаше пол позицијата) на третото место.

За разлика од Ред Бул и Мерцедес, Ферари повторно потполно потфрли. Карлос Саинц заврши четврти, а Шарл Леклер шести. Помеѓу нив беше уште еден возач на Ред Бул – Серхио Перез.

Седмото место го освои Ландо Норис (Мекларен), а во првите 10 се најдоа уште Фернандо Алонсо (Алпин), Себастијан Окон (Алпин) и Себастијан Фетел (Астон Мартин).

На табелата кај возачите води Ферстапен со 258 бодови, пред Леклер (178) и Перез (173). Шампионатот во Формула 1 продолжува на 28 август со Големата награда на Белгија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Почина поранешниот филипински претседател Фидел Рамос

Следно

Астролошка прогноза за август: Какви промени нè очекуваат овој месец?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian