ЕП, Дивизија Б: И Луксембург е кошаркарска велесила за јуниорките

1 min read

Вториот натпреварувачки ден на Европското првенство за кошаркарки до 18 години, Дивизија „Б“, го донесе и вториот пораз за македонската јуниорска репрезентација.

Избраничките на селекторот Никола Златев покажаа карактер, но не успеаја до крајот на натпреварот да ги совладаат разиграните кошаркарки од Луксембург. Во финишот, загубивме со 55:91 односно 22:30, 13:28, 11:17 и 9:16 по четвртини.

Од противничкиот табор, искусно ги казнија нашите грешки. Неколку промашени шутеви од поле, како и „извлечени“ лични грешки резултираа со двоцифрена предност во корист на Луксембург (5:15) по само три минути игра на паркетот во Софија.

Следеше кратка реализаторска криза кај нашиот противник, од која успеавме да извлечеме намалување на негативата (20:24). По враќањето на паркетот од полувремето, двете селекции ја смирија играта. Подолги акции, но со слаба реализација кои значеа одржување на резултатот во полза на кошаркарките од Луксембург, сè до конечни 55:91.

Со 22 поени и седум скокови Михаела Алексовска беше најуспешна во нашиот состав. Следен противник ни е Велика Британија со која ќе се пресметаме во понеделник (1. август) со почеток од 17.15 часот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Србите блокираат патишта поради лажна вест дека доаѓаат специјалци, велат од косовската полиција

Следно

Првиот сопруг на Џенифер Лопез: Им посакувам сè најдобро, но мислам дека тој брак нема да трае

Latest from Blog

Д-р Петличковски за кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници: Немаме законска можност да го присилиме да се тестира, очекуваме да му проработи совеста

Здравствените власти мака мачат да обезбедат примерок за тестирање од првиот суспектен случај на мајмунски сипаници

MacedonianEnglishAlbanian