Братот на Џоли по долго време виден во јавноста: Џејмс и Анџелина беа неразделни, сега не зборуваат

1 min read

Братот на Анџелина Џоли, Џејмс Хевен многупати во минатото се појавуваше во јавноста со својата позната сестра. Тие посетуваа јавни настани, а еднаш го шокираа светот со бакнеж на црвениот тепих… Но, во последниве години тој се обидува својот живот да го живее подалеку од очите на јавноста.

Сега 49-годишниот Џејмс е фотографиран од папараците во Лос Анџелес за време на прошетка и ова се први фотографии по долго време.

Џејмс Хевен
Џејмс Хевен / Фото: The Mega Agency / Profimedia

Иако неговото семејство е познато и тој е син на актерот Џон Војт и покојната актерка Маршелин Бертранд, Џејмс не го сака медиумското внимание и се крие од јавноста.

Но, претходно не беше толку повлечен. Тој ја придружуваше Анџелина на јавни настани, а во 2000 година се бакнуваа во уста на црвениот тепих.

Извесен период папараците го фотографираа како ги чува децата на Анџелина и Бред Пит. Меѓутоа, сега неговите појавувања во јавноста се се поретки. Наводно Хевен повеќе не е во најдобри односи со Анџелина.

„Анџелина и Џејмс целосно се оддалечија. Тие беа неразделни и најдобри пријатели. Тој ѝ помагаше да ги воспитува децата и секогаш посветуваше многу време на семејството. Одеднаш, без посебна причина, престанаа да зборуваат и се оддалечија. Само тие знаат што навистина се случило“, изјави еднаш извор близок до Анџелина.

Џејмс Хевен
Џејмс Хевен / Фото: The Mega Agency / Profimedia

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Морничав дедо од Норвешка снимал голи деца во Ровињ, го уапсиле откако го пријавил чувар

Следно

Ветер ноќва ќе ги растера облаците, во следните денови сончево и сѐ потопло

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian