Бијонсе пее за неверството на Џеј Зи и за скандалот со нејзината сестра во новиот албум „Renaissance“

4 mins read

Една од најпопуларните пејачки на сите времиња, Бијонсе го издаде својот седми студиски албум наречен „Renaissance“. Деновиве покрај фактот дека албумот протече во јавноста два дена пред планираното објавување, веќе на големо се коментира новата клупска серија песни кои се дел од албумот.

Бијонсе се врати со нов албум: Со „Renaissance“ започнува нова клупска ера

Во една од песните, популарната пејачка ја споменува нејзината 21-годишна врска со нејзиниот сопруг, раперот Џеј Зи пеејќи дека „никој не е совршен“ и дека не им треба „прифаќање од светот“.

Музичката ѕвезда првпат јавно проговори за неверството на нејзиниот сопруг во нејзиниот визуелен албум „Lemonade“ кој го објави во 2016 година, нарекувајќи ја другата жена „Беки со добрата коса“. Следната година, Џеј Зи се осврна на скандалот, тврдејќи дека неговиот начин на преживување резултирал со емоционално затворање и на крај со неверство.

„Не ни треба прифаќањето на светот. Тие се премногу строги со мене, тие се премногу строги кон тебе“, пее Бијонсе во песната „Plastic on the Sofa“ мислејќи на постојаното медиумско внимание на нејзината врска со Џеј Зи.

Очигледно пејачката е убедена дека Џеј Зи нема да го повтори своето проблематично однесување, па во еден стих вели: „Јас сум број еден, јас сум единствена“…

Таа се осврна и на скандалот меѓу нејзината сестра Соланж и Џеј Зи

Бијонсе се осврна и на скандалот од 2014 година со Џеј Зи и нејзината сестра Соланж. Таа година, Соланж беше снимена како го напаѓа Џеј Зи во лифт на Мет Гала, а Бијонсе и Џеј Зи потоа објавија заедничка изјава во која нагласија дека тоа е „приватно семејно прашање“.

Сепак, подоцна во годината таа во ремиксот на нејзината песна „Flawless“ спомна: „Можевме да се движиме наоколу и да добиеме добра карма, но не. Ескалираме, како лифт. Секако, понекогаш се случуваат срања кога има милијарди долари во лифтот“.

Сега се чини дека таа повторно се осврна на скандалот во новиот сингл „Cozy“, пеејќи: „Таа е бог, таа е херој, преживеа сè низ што помина, самоуверена и смртоносна“… „Може ли да ти предложам да не се за*баваш со сестра ми“, пее Бијонсе.

ФОТО | Бијонсе во необичен фустан: Голите гради мораше да ги покрие со едната рака

Новиот албум „Renaissance“ доби одлични критики, а по објавувањето на албумот, Бијонсе на својот инстаграм-профил објави фотографија на која е во металик сребрен фустан, со едната рака го држи своето деколте додека седи под диско топка.

Таа им се заблагодари на своите обожаватели што покажаа трпеливост и чекаа да го слушнат новиот албум на официјалниот датум на издавање, иако тој беше објавен два дена порано.

„Албумот протече и сите вие ​​всушност го чекавте вистинското време да го објавите за да можете сите заедно да уживате во него. Никогаш не сум видела нешто слично“, напиша Бијонсе на својот Инстаграм профил.

„Renaissance“ е првиот соло албум на Бијонсе по шест години, од објавувањето на „Lemonade“ во 2016 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тагува кошаркарскиот свет, почина легендарниот Бил Расел

Следно

Мицкоски очекува помош од претседателот за референдумот: Пендаровски да биде помудар од Ковачевски и да ги повика граѓаните да го поддржат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian