Алиоски од следната сезона ќе игра за Фенербахче?!

1 min read

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски кој досега ги бранеше боите на Ал Ахли од Саудиска Арабија, во изминатиот период се поврзуваше со трансфер во неколку турски клубови.

После Трабзонспор и Бешикташ, сега турските медиуми шпекулираат дека нашиот играч би можел од следната сезона да настапува за Фенербахче и дека наскоро клубот официјално ќе го објави трансферот.

Фенер е пред финиширање на уште еден трансфер. Веќе извесен период трага по лев бек, а како најдобро решение за таа позиција се гледа Алиоски.

И додека преговорите со Ал Ахли се при крај, се наведува дека наскоро Фенербахче ќе го официјализира трансферот на македонскиот репрезентативец откако ќе се решат ситните проблеми.

Турските медиуми пишуваат ека Алиоски го привлече вниманието со своите перформанси во квалификациите за Светското првенство. Откако минатото лето го напушти Лидс Јунајтед и потпиша со тимот од Саудиска Арабија Ал Ахли, овојат испадна една сезона пред да му истече договорот, а Алиоски реши да го напушти тимот.

Алиоски, кој 56 пати го носеше националниот дрес, во кариерата настапуваше и за швајцарските клубови Шафхаузен и Лугано. Тој запиша 52 гола и 51 асистенција на 345 натпревари.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заседава Советот за безбедност на Косово пред утрешниот старт на реципроцитетот кон Србија

Следно

На концерт на Дуa Липа, некој од присутните запалил огномет: Тројца повредени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian