ВМРО-НП: Тенковите кои ѝ се подаруваат на Украина не се добиени како помош, туку се купени

1 min read

ВМРО-Народна партија, во врска со дискусијата за потеклото на тенковите кои ѝ се подаруваат на Украина, со соопштение до јавноста појаснува дека дека ако се работи за истите тенкови кои се набавени во кризата 2001 година, тие не се донирани од Русија, туку се купени од Украина.

„Под услов ако се работи за истите тенкови кои се набавени во кризата 2001 година, сакаме да потенцираме дека тенковите Република Македонија не ги доби како донација од Русија, како што пишуваат некои медиуми, туку државата ги купи од Украина, што беше многу важна помош со оглед дека тогаш имаше неофицијално емабрго за продажба на оружје за Македонија. Сакаме да додадеме и нагласиме дека дека тенковите не се добиени како помош туку се купени со македонски пари“, велат од партијата.

Оттаму велат дека е добро Северна Македонија да добие некаква компензација од НАТО земјите со оглед на фактот дека ова оружје е сеуште функционално и употребливо.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шон Мендес ги откажа концертите поради проблеми со менталното здравје: Ми треба време

Следно

Шумскиот пожар во национален парк во Германија сè уште гори

Latest from Blog

Македонската наука со индигнација ги отфрла препораките на „Комисијата за ревизија на македонската историја“, како псевдонаучни, ништовни и нерелевантни!

Таканаречените “Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на “Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и

MacedonianEnglishAlbanian