ВИДЕО | „Водени лудории“: Ова куче обожава да се спушта по тобоган во базенот

1 min read

Многу кучиња сакаат да се освежуваат во ладна вода во топлите летни денови. Едно куче наместо да скокне во базенот, се решило за поавантуристички чекор – се спуштал по тобоганот.

„Тобоган за кучиња“, стои во описот на видеото објавено на „Твитер“, кое собра повеќе од 2,5 милиони прегледи.

По спектакуларното спуштање по тобоганот, кучето заплива во базенот, а сопствениците кои го снимиле видеото се смеат во позадина.

Луѓето се воодушевени од видеото.

„Ова е предобро“, „Тоа куче го живее својот сон“, „Моите кучиња би уживале во ваков тобоган“, „Никогаш не се чувствувал подобро во животот“, „И животните сакаат да се забавуваат“, се некои од коментарите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Десетти трофеј на Баерн во германскиот Суперкуп, првенец за Мане

Следно

Македонските кадетки имаа убедлив старт на Светското првенство 2022

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian