ВИДЕО+ФОТО | За момент ја оживеа Мерилин Монро: Уште една неверојатна трансформација на Стефан Суботиќ

1 min read

Стефан Суботиќ е познат мејк – ап артист од Србија, но и надвор од границите на неговата земја. Покрај тоа што Стефан ја истакнува природната убавина на секоја негова клиентка тој е познат и по неговите трансформации како драг – кралица експериментирајќи со најразлични комбинации на облека, високи потпетици, шминка и перики.

Суботиќ е волшебник за трансформации. Својот талент го открил пред повеќе од 10 години. Со години шминкал жени за свадби, девојки за матурски вечери и други свечени прилики, а понекогаш знае да се „среди“ и себеси.

По маестралните трансформации на Суботиќ во Јосипа Лисац, Рушка Јакиќ, Северина, Јелена Карлеуша, Ева Рас, Анџелина Џоли, Лепа Брена, Аца Лукас и многу други ѕвезди шминкерот неодамна не изненади со уште една неверојатна трансформација.

Овој пат Стефан се трансформираше во американска глумица, пејачка и модел Мерилин Монро. Стефан за момент ја оживеа холивудската дива со моќта на шминката. Трансформацијата е неверојатна, а Стефан уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите мејк-ап артисти на Балканот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Петковиќ: Почнуваме со формирање на Заедницата на српски општини во Косово

Следно

ВИДЕО: Десетти трофеј на Баерн во германскиот Суперкуп, првенец за Мане

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian