Баерн стигна до 10 трофеј во германскиот Суперкуп, совладувајќи го Лајпциг на својот стадион во одличен натпревар со 5:3. Веќе по првите 45 минути беше јасно дека Баварците ќе ја отворат сезоната со уште еден трофеј.
Џамал Мусијала го доведе Баерн во водство во 14 минута, а во 31 минута Садио Мане го постигна првиот гол за клубот од Минхен на официјалните натпревари.
Крај на сите дилеми практично стави Павар, кој погоди пред самиот крај на првиот дел на асистенција на суперталентираниот Мусијала, кој сезонава може да „експлодира“.
Во вториот дел Лајпциг успеа да наметне свој ритам и да намали преку Халстенберг во 59 минута. Серж Гнабри, кој асистираше за вториот гол на Баерн во 65 минута, погоди за 4:1.
Енкунку беше стрелец на вториот гол за Лајпциг од пенал во 77 минута, а во последната минута Дани Олмо по контранапад намали на 3:4. Длабоко во судиското надополнување, Лирој Сане ги постигна конечните 3:5.
На овој натпревар Мане имаше два поништени гола, двата поради офсајд. Ова е шести Суперкуп трофеј за Баерн во последните седум сезони.