Валтер: Е. Пелистер напредува секојдневно и тоа ме прави среќен

2 mins read

Ракометарите на Е. Пелистер ги започнаа подготовките за новата сезона, стручниот штаб предводен од тренерот Ларс Валтер, изготви програма за работа, која цела недела ги држи активни играчите.

Со максимално извршување на предвидената агенда на тренерот Валтер и неговиот стручен штаб, ракометарите на Е. Пелистер ги приведуваат кон крај базичните припреми во Маврово.

Пет дена по ред пелистерци работат неколку тренинг сесии дневно, во комбинација на отворено и во сала. По утрешниот утрински тренинг тимот се враќа во Битола.

– Прекрасно е тука во Маврово, но за жал немаме многу време да уживаме во погледот тука. Работиме многу напорно и задоволен сум со сите детали. Дури е и подобро од очекуваното. Имаме добра група на луѓе, работиме напорно секој ден и задоволен сум од сработеното. Играме помалку и ракомет на два гола секојдневно и можам да видам како напредуваме секојдевно и тоа ме прави среќен. Без разлика што ни следува мора да бидеме спремни за предизвиците во август. Ќе бидеме спремни – вели Валтер.

За нов капитен на тимот е избран Црногорецот Мирко Радовиќ:

– Голема чест ми е што сум избран за капитен на Еурофарм Пелистер. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на соиграчите, навивачите и управата. Што се однесува до екипата, нова е и полека ги склопуваме „коцките“. Кратко сме заедно и се обидува што можеме да постигнеме. Напорно тренираме и даваме максимум засега. Секој тим е посебна приказна. Оваа година е уште „млада“, момците само што стигнаа, исто така и тренерот. Се обидуваме што е можно побрзо да се прилагодиме. Немаме премногу време за тоа. Се трудиме секој ден фокусот да е на максимум и да даваме сè од себе. Со тоа што побрзо да го прифатиме системот на тренерот и новите играчи да се имплементираат во него. Како домаќини ние ќе дадеме сè од себе да им помогнеме – се зборовите на Радовиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Папа Франциск: Ќе успорам или ќе се повлечам, папата можете да го смените

Следно

Бред Пит ги изненади сите кога откри кое му е омилено телевизиско шоу: Понекогаш плачам

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian