Тешка сообраќајна незгода која можeла да заврши пофататално се случи попладнево на патот од комплексот „Панорама“ до Средно Водно. Во неа учествуваа две возила со скопски регистарски таблички.
Во несреќата нема повредени, но возилата се видно оштетени. Полицијата се уште врши увид на местото на несреќата, а сообраќајот до Средно Водно се одвива во една сообраќајна лента.
Причината за несреќата не е позната, а повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.