Шон Мендес ги откажа концертите поради проблеми со менталното здравје: Ми треба време

2 mins read

Пејачот и музичар Шон Мендес го откажа остатокот од својата турнеја, неколку недели по одложувањето на концертите поради проблеми со менталното здравје.

Мендес не се чувствувал целосно подготвен да се врати на турнејата бидејќи тоа негативно ќе влијаело врз него и по консултација со здравствени работници решил да ги откаже своите настапи, објасни тој во своето емотивно обраќање на „Твитер“.

„Бев возбуден што конечно ќе се вратам на турнеја по долга пауза поради пандемијата, но навистина воопшто не бев подготвен за тоа колку тешка ќе биде таа турнеја по толку време“, рече Мендес во пораката споделена со неговите обожаватели.

„Стана појасно дека морам да одвојам време, кое никогаш лично не сум го искористил, за да се приземам и да се вратам посилен“, додаде пејачот кој ги откажа концертите во САД и Европа. Пејачот веќе настапуваше во Сакраменто, Калифорнија и низ Канада, но по концертите претходно овој месец, тој им соопшти на обожавателите дека зема слободно време за да се справи со проблемите со менталното здравје.

Отворено зборува за проблемите со менталното здравје

Канадскиот музичар отсекогаш отворено зборувал за своите здравствени предизвици. Во април, тој на социјалните мрежи со своите обожаватели сподели дека се чувствува „како да лета или да се дави“.

„Понекогаш навистина не ми е гајле што мислат луѓето и се чувствувам слободен“, напиша тој, додавајќи дека поголемиот дел од времето тоа е борба.

Мендес во ноември минатата година објави дека раскинал со својата девојка, пејачката Камила Кабељо, а неколку месеци по раскинувањето изјави дека „си дава многу милост да се излечи од раскинувањето“. Тој исто така сподели со своите следбеници на „Инстаграм“ дека се чувствува осамено.

„Кому да му се јавам кога имам напад на паника? Кому да му се јавам кога сум на работ? Сега се чувствувам како да сум сам и го мразам тоа“, рече тој во едно видео што го објави на својот инстаграм-профил.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Чурлинов има понуда да игра во англискиот Чемпионшип

Следно

ВМРО-НП: Тенковите кои ѝ се подаруваат на Украина не се добиени како помош, туку се купени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian