СДСМ: Мицкоски со Апасиев станаа едно, здружени против ЕУ

1 min read

Христијан Мицкоски со своето анти ЕУ и анти НАТО дејствување остана сам и изолиран. Единствената поддршка што ја има е од неговиот партнер Димитар Апасиев и неговата проруска партија Левица. Мицкоски и Апасиев заедно работеа на дестабилизација на државата, заедно ширеа лажни вести и хистерија, заедно креираа крвави сценарија што не им успеаја, велат од СДСМ.

„Никој повеќе не верува во лагите на Мицкоски уште помалку некој го поддржува во идејата за референдум која служи само за негова лична, внатрепартиска употреба. Поради таквиот однос Мицкоски се испокара со коалициските партнери, затоа и другите опозициски партии му го свртеа грбот.

Остана Мицкоски осамен, придружуван единствено од Апасиев со кого заедно работат за туѓи центри на моќ. По којзнае кој пат, Мицкоски одбра да се стави на спротивната страна од државните и националните интереси, на погрешната страна на историјата“, стои во нивното соопштение до јавноста.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Македонија е во жолта ковид зона, засега нема нови мерки

Следно

Прв смртен случај од мајмунски сипаница во Европа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian