РК Алкалоид летово ќе учествува на турнири во Струга и Србија

1 min read

Ракометниот клуб Алкалоид ги започна подготовките за следната натпреварувачка сезона 2022/2023…

Првиот собир екипата го имаше во салата „Автокоманда“ – Скопје, во следните неколку дена ќе тренира во Скопје, а од 3 август заминува на десетдневни подготовки во Маврово.

Воедно летово ќе учествува на два турнири, првиот во Струга кој ќе се одржи од 16 до 20 август, а вториот од 25 до 28 август ќе учествува на меѓународен турнир во Србија.

Натпреварите во Суперлигата почнуваат на 3-4 септември, а РК Алкалоид во првото коло ќе гостува кај РК Прилеп.

Минатата сезона РК Алкалоид доминантно со 27 победи и еден нерешен меч го освои првото место со Првата лига во својата дебитантска сезона и така се промовираше во нов суперлигаш.

Познати се двете групи на 50 Струшки ракометен турнир

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Прв смртен случај од мајмунски сипаница во Европа

Следно

Ладната вода е клучна: Пет начини да го намалите крвниот притисок без лекови

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian