Рација во скопски Карпош, уапсени три лица

1 min read

На 29/30.07.2022 на подрачјето на Карпош во рамки на „Безбедно лето 2022“ извршена е контрола во угостителски објекти со цел преземање на мерки и активности за спречување на нарушување на јавниот ред и мир и контрола точење и продавање на алкохол на малолетници.

Како што соопшти МВР, при контролата во еден од нив биле затекнати две малолетни женски лица како консумираат алкохол, за што против родителот/старателот на малолетниците, правното лице, одговорните и вработената во правното лице ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Воедно, при контрола на патничко возило приведени се М.Г.(39), М.В.(38) и С.Н.(44), сите од Скопје и на истите им е сочинет записник за констатирани прекршоци од Закон за лични карти и од Законот за безбедност на сообраќајот и патиштата. 

skopjeinfo.mk

Претходно

ФОТО | Каква сличност! Секси Кубанката совршено се трансформираше во Мерилин Монро

Следно

Курти: Не сме за привремени документи, го правиме истото што Србија го прави со нашите граѓани

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian