Општина Петровец ќе добие нова општинска зграда и пешачко-велосипедската патека

1 min read

Денес свечено поставивме камен темелник на нова општинска зграда, со големина од 860 метри квадратни. Оваа општинска зграда ја правиме бидејќи старата, која е изградена во далечната 1946 година, е во катастрофално лоша состојба и по барање на жителите на општина Петровец, изјави Борче Митевски, градоначалник на општина Петровец.

– Исто така, финансиските средства во висина од 29 милиони и 600 илјади денари, се обезбедени од буџетот на Општина Петровец. Заедно со мештаните денеска и со претседателот, Христијан Мицкоски ја посетивме пешачко-велосипедската патека, која е во должина од 2.500 метри и ширина од три метри, која се гради од центарот на Петровец до излезот на ‘Ржаничино. Бидејќи знаеме, сите возила, избегнувајќи ја патарината, поминуваат низ најголемите населени места, Петровец и ‘Ржаничино и со тоа ни ја загрозуваат безбедноста безбедноста на сите жители на Општина Петровец, а пред се на нашите деца кои учат Основното училиште „Кочо Рацин“ – Петровец, рече Митевски.

Со изградба на оваа пешачката патека од 16 и пол милиони денари, кои се исто средства обезбедени од буџетот на Општина Петровец, ќе се зголеми безбедноста на нашите деца, рече тој.

– Ќе продолжиме и понатаму да работиме. Ова се два капитални објекти, проекти кои ги ветивме на нашите жители и еве само за година дена од овој мандат, веќе започнавме со реализација на истите, заклучи Митевски. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Украина соопшти дека од почетокот на инвазијата се убиени 40.670 руски војници

Следно

ВИДЕО | Трик за прикривање на темните кругови под очите што го користи и Кајли Џенер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian