Македонските кадетки имаа убедлив старт на Светското првенство 2022

1 min read

Кадетската женска репрезентација на Македонија со висока победа го започнаа настапот на Светското првенство 2022 кое се одржува во нашата земја.

Вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје избраничките на селекторот Љубомир Савевски со 32:13 успеаја да го совладаат Сенегал.

Рано покажавме дека освојувањето на бодовите нема да бидат проблем на овој натпревар. Македонките водеа од стартот и само по 20 минути имаа 14:4 по серија од 7:0. Првото полувреме заврши со предност од 17:7.

Ништо не се смени во вторите 30 минути и само продолживме да постигнуваме голови, во 48 минута од средбара резултатот беше 26:10.

Најголемото водство на домаќините беше 31:12 во последните минути од играта. Играч на натпреварот беше Борјана Коцева.

Во рамките од нашата група „Б“ првиот триумф го запиша и Иран кој со 47:31 славеше над Узбекистан.

Токму репрезентацијата на Узбекистан е следниот ривал на Македонија в недела (31 јули) од 20.30 часот. Натпреварот исто така ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски”, а влезот е слободен.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | „Водени лудории“: Ова куче обожава да се спушта по тобоган во базенот

Следно

Дневен хороскоп за 31 јули: Важно е да ги усогласите мислите и чувствата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian