Драстичните промени на температурата, промените на сончеви и врнежливи денови не се невообичаени за лето, а сето тоа влијае на нашето здравје. Промените во атмосферскиот притисок, исто така, влијаат на промените на крвниот притисок, што е особено опасно за луѓето кои страдаат од кардиоваскуларни проблеми, како и за хроничните болни и постарите лица.
Хипертензијата е сериозна и опасна состојба која може да има фатални последици ако не се лекува навреме.
1. Ладна вода
Најбрзиот, најефективниот и најлесниот начин за намалување на притисокот е користењето ладна вода. Кога велиме употреба, мислиме и на консумација, но и на купки кои помагаат. Во ладна вода можете да ги потопите нозете, рацете, да се измиете, да се истуширате, а сето тоа помага да се урамнотежи крвниот притисок. Ако не постои начин целосно да се истуширате, тогаш ставете ја внатрешната страна на надлактиците под млаз ладна вода. Држете така 2-3 минути. Ако сте во можност, можете да ги ладите рацете до лактите, а секако да го освежите и лицето.
2. Чај од нане
Исто така, за да го намалите притисокот, можете да пиете чај од нане или минерална вода со мед и сок од лимон. Чаша од оваа напивка ќе го врати притисокот во нормала за 20 минути. Притисокот би требало да падне за 15-20 единици.
3. Купка за раце
Третиот начин е да се направи ладна купка за рацете. Температурата на водата треба да биде 45 степени, а рацете држете ги потопени најмалку 10. минути.
4. Ако притисокот ви скокнал, обидете се да се опуштите
Задржете го здивот при секое издишување 8-10 секунди, повторувајте 3 минути. Ова ќе помогне да се намалат вредностите на 30 единици.
5. Чај од валеријана
Штом почувствувате дека притисокот почнал да се менува и да расте, не паничете. Легнете на креветот, испијте чај од валеријана или некоја друга смирувачка билка. Ако имате цвекло во домот, исцедете го сокот и испијте го, ова е уште еден добар начин да го намалите крвниот притисок.