Кој до првиот трофеј во новата сезона, Манчестер сити или Ливерпул?

1 min read

Во јубилејното 100 финале за трофејот „Комјунити Шилд“, денеска од 18.00 часот ќе се сретнат Манчестер сити и Ливерпул, двата убедливо најдобри клуба во Англија минатата сезона.

„Комјунити Шилд“ официјално го најавува почетокот на новата фудбалска сезона во Англија, која започнува следниот викенд со натпреварите од првото коло во Премиер лигата.

Овој вид на Суперкуп на Англија беше замислен како натпревар помеѓу двете најдобри екипи од претходната натпреварувачка година. Манчестер Сити како шампион на Англија и Ливерпул како победник на националниот ФА Куп, односно вицешампион на Англија.

Сити и Ливерпул доминираат на англиската фудбалска сцена во последните неколку години, што гарантира вистинско уживање на стартот од новата сезона. Воедно, тоа е можност за еден од овие два клуба да се закити со првиот пехар пред официјално да започне сезоната.

Сити на Пеп Гвардиола беше најдобар во Премиер лигата минатата сезона со бод повеќе пред Ливерпул, додека играчите на Јирген Клоп за утеха го освоија ФА Купот откако меѓу другите го победија и Манчестер сити во спектакуларното полуфинале на „Вембли“ со 3:2 на патот до трофејот.

Ова ќе биде можност за љубителите на фудбалот да видат некои нови нови имиња на дело во двата тима, пред сè Норвежанецот Ерлинд Халанд во тимот на Сити и Уругваецот Дарвин Нуњез во редовите на Ливерпул.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

100 возила на 1 000 жители во Скопскиот регион

Следно

Како англиска роза: Откриено името на новородената ќерка на Пипа Мидлтон

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian