Македонскиот каратист Давид Петков на Европските Универзитетски Игри во Лоѓ (Полска) се закити со златото во категоријата сениори до 67 килограми.
Во големото финале Петков со 2:0 триумфираше против Габриел Матијас Паула од Португалија.
Петков во првото коло со 3:0 го совлада Микита Румианцев од Украина, а во второто со истиот резултат го совлада Михал Јаншевски од Полска. Во четвртфиналето со 1:0 триумфираше против Британецот Џоди Вилсон, а во полуфиналето со 2:0 славеше против Валентин Наида од Украина.
Нашиот каратист можеше да освои уште еден медал на Игрите, но во борбата за бронзата над 84 кг. со 7:0 загуби од Полјакот Мациеј Гебка.
Уште еден член на карате клубот „Макпетрол“ дојде до еден од медалите, Ангела Мојсовска е „бронзена“ во категоријата сениори до 68 кг., а машката екипа на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на овие Игри го освои златниот медал во категоријата до 67 кг.