Како англиска роза: Откриено името на новородената ќерка на Пипа Мидлтон

2 mins read

Родена е на почетокот на јуни кога розите се во полн цут во Велика Британија, па нејзините родители Пипа Мидлтон (38) и Џејмс Метјуз (46) го избрале соодветното име – Роуз.

Роуз е нивното трето дете: во октомври 2018 година станаа родители на синот Артур, а едногодишната ќерка Грејс е родена во март 2021 година.

Девојчето е родено во родилиштето Линдо Винг во  болницата „Св. Мери“, каде се родени сите три деца на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам: деветгодишниот принц Џорџ, седумгодишната принцеза Шарлот и четиригодишниот принц Луис.

epa-efe
Пипа Мидлтон со сопругот/Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

И покрај тешката бременост, Пипа Мидлтон присуствуваше на гала свеченоста „Забава во палатата“ по повод платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора, каде дојде со својот сопруг Џејмс Метјуз, менаџер за инвестиции и поранешен професионален возач, својот брат Џејмс Мидлтон и неговата сорпуга Ализе Тевенет.

Фото: Профимедиа

Од блиските семејни кругови е познато дека двојката наскоро планира да се пресели во Баклбери во Беркшир, каде што живеат родителите на Пипа.

Така, тие во секое време ќе можат да сметаат на нивната помош и услугата на бабата, а нивниот нов дом е на само педесет минути возење од Виндзор, каде што Кејт и Вилијам го поминуваат летниот одмор и слободните денови со своите деца, па сите шест братучедите ќе можат почесто да играат заедно.

epa-efe
Фото: EPA/JONATHAN BRADY

Пипа пораснала на тоа место заедно со нејзините браќа и сестра, а нивните родители сè уште живеат тука. Исто така, на овој начин таа ќе биде во близина на нејзината сестра Кејт.

ФОТО | Исцрпена, но пресреќна: Пипа Мидлтон само 8 дена по породувањето на својата прва прошетка со новороденчето!

Пипа Мидлтон и Џејс Метрјус станаа родители по втор пат: Името на девојчето има посебна врска со војвотката Кејт!

Се породи сестрата на Кејт Мидлтон: Ова е трето дете за Пила и сопругот Џејмс

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кој до првиот трофеј во новата сезона, Манчестер сити или Ливерпул?

Следно

Коцарев ќе има илинденско обраќање во Трново

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian