Испишана историја на „Хунгароринг“, прва пол позиција во кариерата за Расел

1 min read

Возачот на „Мерцедес“, Џорџ Расел, ќе стартува од пол-позицијата на претстојната трка во Формула 1 за Големата награда на Унгарија, откако постигна најбрзо време во квалификациите.

Британецот ја освои првата пол-позиција во кариерата на патеката „Хунгароринг“, а најбрзиот круг го извозе со време од 1:17.377 минута.

Второто место му припадна на возачот на „Ферари“, Карлос Саинц, со заостанување од 0,044 секунди, неговиот тимски колега Шарл Леклер беше трет (0,190), додека Ландо Норис од „Мекларен“ ќе ја започне трката од четвртата позиција.

До десеттото место пласирани се и Луис Хамилтон (Мерцедес), Валтери Ботас (Алфа Ромео), Даниел Рикиардо (Мекларен) и Макс Ферстапен од Ред Бул, кој имаше проблеми со својот болид на крајот од тренинзите.

Тимскиот колега на Ферстапен, Серхио Перез, изненадувачки не успеа да се пласира во третиот дел од квалификациите и заврши на 11 место.

Во генералниот пласман по 12 трки води Ферстапен со 233 бодови, Леклер е втор со 170, додека Перез е трет со 163 бодови. Трката за Големата награда на Унгарија се вози во недела од 15.00 часот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Љубовта на еден тиранин: Ја третирал како куче, 50 години ја држел затворена, не дошол ни на нејзиниот погреб

Следно

ФОТО | Бијонсе во необичен фустан: Голите гради мораше да ги покрие со едната рака

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian