ГАЛЕРИЈА: Подвиг на тројца Македонци – со велосипеди се искачија на вулканскиот врв Дамаванд, највисок во Иран и во западна Азија

2 mins read

Никола Нешкоски, Илија Деревјов и Лазо Миновски денеска станаа првите Македонци кои со велосипед се искачиле на Дамаванд (5.609 м.) заспан вулкан во Иран и највисокиот врв во оваа земја и во западна Азија.

Фото: Никола Нешкоски / Вело училишта

Несекојдневниот подвиг, за кој се потребни неколку дена, е вистински физички и ментален предизвик, а и искачувањето и спуштањето се изведува со комбинирано возење, туркање и носење на велосипедите на грб.

Фото: Никола Нешкоски / Вело училишта

Искачувањето по целата тура било навистина тешко, вели во ексклузивна изјава за „Слободен печат“ од Техеран Никола Нешкоски, еден од македонските велосипедисти-планинари кои го освоија врвот.

Фото: Никола Нешкоски / Вело училишта

„Идејата за Дамаванд беше поради фактот дека сме велосипедисти, кои возат интересни и поекстремни терени. Лани бевме на Килиманџаро, а оваа година се решивме за Дамаванд. Почнавме од 2.400 метри надморска височина, првиот ден до 3.000. Вториот ден од 3.000 до 4.200 мнв, малку одмор и аклиматизација до 4.500 мнв. Наредниот ден ги носевме точаците до 5000 метри и ги оставивме да преспијат“, вели Нешкоски, кој сѐ уште е под впечатоците од изведениот подвиг.

Фото: Никола Нешкоски / Вело училишта

„Конечно вчера, почнавме пешки, до 5.000 мнв. Ги зедовме точаците, на грб и до врв“, вели тој, додавајќи дека спуштањето е посебно искуство, со возење и туркање на велосипедите низ кршните ирански предели.

Фото: Никола Нешкоски / Вело училишта

Врвот Дамаванд, кој се наоѓа близу брегот на Каспиското Море и има посебно место во персиската и модерната иранска култура, важи за релативно тежок врв за искачување и за планинарите, а спаѓа во екстремните маунтин-бајк тури на кои тргнуваат само најподготвените велосипедисти. Никола Нешкоски (Вело Училишта) Илија Деревјов (Друштво Неозбилни Велосипедисти) и Лазо Миновски (Пробајк) заслужуваат честитки.

Фото: Никола Нешкоски / Вело училишта

Фото: Никола Нешкоски / Вело училишта

www.slobodenpecat.mk

Претходно

На Јелена Розга ѝ се слошило, завршила во болница: Хрватската ѕвезда со години води битка со болеста

Следно

ФОТО | Љубовта на еден тиранин: Ја третирал како куче, 50 години ја држел затворена, не дошол ни на нејзиниот погреб

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian