По долгата музчка пауза Бијонсе конечно го објави својот нов албум, кој нејзините обожаватели со нетрпение го очекуваа. По промоцијата на албумот огромно внимание привлече фотографијата која Бијонсе ја објави на својот инстаграм – профил, а на која е во многу необично издание.
Имено, пејачката на фотографијата позира во сребрен фустан, чии ракави се раширени како крилја, а десната страна беше целосно гола. Пејачката со едната рака ги покри градите, а овој нејзин стајлинг не остана незабележан.
Така, додека некои беа шокирани од ова издание на познатата пејачка, други го сметаат за оригинално.