Европско првенство, А дивизија: Јуниорите поразени на стартот од Израел

1 min read

Машката репрезентација до 18 години на Македонија запиша пораз на првиот натпреварувачки ден на Европското првенство во соодветната конкуренција, А дивизија во Измир, Турција. Јуниорите запишаа пораз во натпреварот против Израел со 79:70 односно 15-18, 27-18, 16-17 и 21-17 по четвртини.

Изедначената игра на двете страни, од двете екипи гарантираше интересен дуел до последниот свиреж на судиите. Се играше поен за поен игра која на крајот на првата делница заврши во наша полза (15-18).

По кусата пауза продолжи играта со исто темпо сè до моментот кога неколку нереализирани шутеви од далечина и испуштени топки резултираа со две минути без реализација (34-33).

Во исто време противничкиот табор реализира осум поени со кои успеа да го задржи претходното минимално водство со кое се замина на паузата. Вториот дел од натпреварот беше како пресликан од првиот дел. Овој пат, кошаркарите на Израел поискусно ги казнија нашите грешки. Успеаја да ја задржат реализираната предност од првиот дел и да сават со девет поени разлика на крајот на натпреварот.

Дабл-дабл ефект оствари Теодор Симиќ со 25 поени и 12 скока, додека Андреј Шошкиќ со 18 поени и осум скока како и Петар Бошалески со 10 поени и девет скока беа двоцифрени во нашиот состав на овој натпревар. Следниот меч на ЕП јуниорите ќе го имаат на в недела од 12.45 часот против Франција.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Николовски оптимистичен: Прехранбрени продукти ќе има

Следно

ФОТО | Каква сличност! Секси Кубанката совршено се трансформираше во Мерилин Монро

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian