Џејми Оливер е еден од најдобрите готвачи во светот и, иако овој Британец владее со најразлични светски кујни, и ден-денес тврди дека ја преферира италијанската. Токму затоа за него посебно уживање му претставува подготвувањето на традиционалните италијански специјалитети како шпагети и пица.
Славниотт готвач тврди дека најдобро е кога болоњезето е направено од пелат од конзерва (домати во конзерва во сопствен сок) и кога целиот зеленчук е исечен на коцки со слична големина.
А еве го неговиот детален рецепт!
Состојки:
– 1 кг мелено месо (најдобра комбинација е 50-50)
– 50 грама чадена сланина (може и шунка)
– гранче рузмарин
– 1 главица кромид
– 2 моркови
– 2 стапчиња целер
– 2 конзерви пелат од 400 мл
– 1 лажица сок од домати
– 800 мл вода
– малку маслиново масло
– сол и бибер по желба
Подготовка:
Исечкајте ги ливчињата рузмарин и ставете ги да се динстаат во малку маслиново масло. Додадете ја ситно исечканата шунка или сланина.
Потоа додадете го меленото месо, зачинете по желба и динстајте околу 10 минути со често мешање додека месото не добие убава кафеава боја.
Кромидот, морковот и целерот исечкајте ги на парчиња со слична големина, а потоа додадете ги во тавата и продолжете да динстате уште десеттина минути.
Потоа, во тенџерето додадете пелат и сокот од домати, добро измешајте и додадете вода. Намалете ја температурата и оставете да се готви на тивок оган околу 90 минути.
Послужете топло тестенини по желба и рендан пармезан.