Чурлинов има понуда да игра во англискиот Чемпионшип

1 min read

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов имаше одличен старт на сезоната со победнички гол во Купот на Германија со екипата на Штутгарт.

Нашиот играч кој лани беше на позајмица во Шалке и имаше добри перформанси, се врати во Штутгарт кој исто така ќе настапува во новата бундеслигашка сезона.

Новите информации велат дека англискиот клуб Барнли покажува интерес за нашиот играч.

– Јас сум сега во Штутгарт и се концентрирам на фудбалот – вели Чурлинов.

Изјавите на спортскиот директор на Штутгарт, Свен Мислинтат сугерираат дека Англичаните би можеле да испратат многу добро понуда.

– Среќни сме шти Дарко е со нас и немаме намера да се ослободиме од него – се зборовите на Мислинтат.

Дали е на теренот или на трансфер пазарот, можно е Чурлинов да биде тема во Штутгарт во следните недели.

Барнли кој настапува во англискиот Чемпионшип ја започна сезоната со гостинска победа (0:1) кај Хадерсфилд.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Едно заборавено катче во Аеродром ќе блесне во ново детско игралиште

Следно

Шон Мендес ги откажа концертите поради проблеми со менталното здравје: Ми треба време

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian