Бред Пит ги изненади сите кога откри кое му е омилено телевизиско шоу: Понекогаш плачам

3 mins read

Бред Пит е еден од најдобрите холивудски актери, а со своето однесување во последно време ги воодушевува обожавателите. Неодамна зборуваше за тоа како поминал една година барајќи закопано богатство на имотот Миравал во Франција, поради кој војуваше со поранешната сопруга Анџелина Џоли, па на црвениот тепих се појави во здолниште, а сега откри што сака да гледа телевизија. Неговиот избор е сосема неочекуван.

За време на престојот во Велика Британија за промоција на филмот „Bullet Train“, актерот изјавил дека е страствен обожавател на натпреварувачкото реално шоу „The Great Pottery Throw Down“, пренесува „Daily Mail“. Во серијалот, грнчари аматери создаваат неверојатни креации и се обидуваат да ги импресионираат судиите Кит Брајмер Џонс и Рич Милер со цел да ја освојат титулата „Најдобар грнчар аматер во Британија“.

Исто како „The Great British Bake Off“, каде што се натпреваруваат готвачи аматери или „The Great British Sewing Bee“, каде што се собираат аматери вешти со игли и конци, голема публика имаат и грнчарите.

Бред Пит / Фото: Profimedia

Пит наводно е голем љубител на скулпторство и глина

За време на интервјуто во кое Пит учествуваше заедно со колегите Брајан Тајри Хенри и Арон Тејлор-Џонсон, тие беа прашани што гледаат кога „сакаат да гледаат како нештата експлодираат“. Тајри Хенри го избра серијалот „The Great British Bake Off“. Бред Пит тогаш изјави дека сепак ќе го избере „The Great Pottery Throw Down“. Тој призна дека ги гледал сите седум сезони и дека е фан на судијата Кит Брајмер Џонс.

„Тој е многу љубезен. Многу ги поддржува натпреварувачите. Понекогаш се расплакувам“, признал актерот, кој обожава да си ги валка рацете со глина и да создава на грнчарското тркало.

Пнеговиот пријател Леонардо Дикаприо се занимаваа со керамика додека го снимаа филмот „Once Upon a Time in… Hollywood“ на Тарантино.

Пред две години американските медиуми објавија изјава од доверлив извор кој тврдеше дека Бред има склупторско студио во неговата куќа, каде Дикаприо сака да доаѓа и да работи со него.

„Понекогаш се дружат со пријателите уметници на Бред, но понекогаш се само тие двајца. Лео носи сендвичи од нивниот омилен бар „Fat Sal’s“ и тие се забавуваат создавајќи уметност до раните утрински часови“, откри изворот во тоа време.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Валтер: Е. Пелистер напредува секојдневно и тоа ме прави среќен

Следно

Николовски оптимистичен: Прехранбрени продукти ќе има

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian