Викенов ќе се сечат две опасни тополи на булевар „Борис Трајковски”

1 min read

ЈП Паркови и зеленило – Скопје информира дека викендов, 30 и 31 јули, ќе биде извршено сечење на две опасни тополи на булевар „Борис Трајковски” бр.9 високи над 35 метри кои се навалени над околните куќи и претставуваат сериозна закана за тамошните жители.

– Бидејќи се работи за тежок и многу опасен зафат (за што се информирани и СВР и ЕВН) освен работниците од Секторот Дрвореди ќе биде ангажирано и едно возило од противпожарната служба, две возила со платформа од претпријатието, два камиона, еден багер и еден голем десеттонски камион, наведуваат од ЈП Паркови и зеленило – Скопје. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Годишната инфлација во Еврозоната овој месец достигна рекордни 8,9 проценти

Следно

Лапорта: Би сакале Меси да ја заврши кариерата во Барса

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian