ВИДЕО | „Во тој момент бев збунет“: Вилм Смит повторно се обиде да му се извини на Крис Рок

1 min read

На својот канал на „ЈуТјуб“, актерот Вилм Смит повторно се обиде да му се извини на комичарот Крис Рок за шамарот на Оскарите.

„Разговарав со Крис и ми беше кажано дека не е подготвен да разговара со мене и кога ќе биде, ќе бидеме во контакт. Затоа, ти велам, Крис, извини и прости. Моето однесување беше неприфатливо и тука сум секогаш кога сте подготвени да разговарате“, истакнал Смит.

Актерот објасни и зошто не му се извини веднаш на Рок.

„Во тој момент бев збунет. Ништо не ми беше јасно“, рекол тој и испратил посебно извинување до семејството на комичарот, поточно неговата мајка и брат:

„Го видов интервјуто што го даде неговата мајка. Тоа е една од работите во тој момент што не ги разбрав и не размислував. Тогаш многу луѓе беа повредени. Затоа сакам да и се извинам на мајката на Крис, да извини му на неговото семејство, а особено на Тони Рок“, истакнал Смит.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Новата американска амбасадорка и повратничка во Скопје, Анџела Агелер, вели дека ќе им помогне на властите поефикасно да се борат со корупцијата

Следно

ХОРОР: Вооружени мажи силувале 8 жени при напад за време на снимање на спот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian