ВИДЕО: Шумски пожар избувна во близина на хотели и населени места кај Мармарис

1 min read

Пожарникари денеска од копно и од воздух се обидуваат да го изгаснат шумскиот пожар кој избувна во близина на станбени области во југозападна Турција, соопшти локалната управа за шумарство. Ситуацијата потсетува на минатогодишните пожари што беснееја низ регионот и направија голема штета.

Регионалниот оддел за шумарство на провинцијата Мугла соопшти дека пожарите, предизвикани од силните ветрови и температурите близу 40 степени, ги загрозуваат хотелските и станбените области во поморскиот град Икмелер во близина на Мармарис.

Турската крајбрежна стража го заштити заливот и го прекина поморскиот сообраќај во областа каде што канадери и хеликоптери земаат вода.

Пожарите од минатото лето, од кои повеќето избувнаа во близина на Мармарис, беа меѓу најинтензивните досега во Турција, соопшти тогаш агенцијата за мониторинг на атмосферата на Европската унија, додавајќи дека Медитеранот станал жариште на пожарите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Премиер со повик: Функционерите и вработените во приватниот сектор да ги извадат вратоврските за да штедат струја

Следно

ВИДЕО: Чурлинов му донесе триумф на Штутгарт во Купот на Германија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian