ВИДЕО | Пар вдомил анксиозен мачор, a потоа се случила неверојатна промена

1 min read

Кога ќе посвоите животно од улица, не значи дека сè ќе биде во најдобар ред. На повеќето четириножни пријатели им треба многу време за да сфатат дека луѓето им посакуваат добро.

Алис Изабела од Единбург обожава животни. Наместо да купува мачки, таа сака да им даде втора шанса на оние кои живеат во лоши околности. Така таа нашла мачор по име Тоби на улица и го донела во нејзиниот дом.

Животното на почетокот било преплашено. Тоби имал лоши искуства со луѓето. Алис Изабела вели дека на почетокот не можел да ги погледне во очи. За среќа, разбирањето на сопственичката вродило со плод. Британката и нејзиното момче успеале да ја придобијат довербата на портокаловиот мачор и да му покажат дека не се сите луѓе злобни.

Алис Изабела на својот тикток-профил објави прекрасен момент на кој се гледа дека на Тоби конечно му е удобно и се препушта на гушкање и милување.

„Конечно му дозволи на тато да го бакне“, напиша Алис покрај видеото.

Погледнете го видеото:

 

@alice.isabellaa Our rescue boy couldn’t look at us when we got him. He finally lets daddy give him kisses and look how happy he is 🥹💖 #cat #catsoftiktok #fyp #gingercat #cute #foryoupage #meowmeow #squeak ♬ original sound – Alice Isabella

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ПРЕСВРТ: Роналдо ќе игра за Манчестер јунајтед против Рајо на Столе Димитриевски

Следно

Од доживотна на 15 години: Намалена казната на руски војник кој уби цивил

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian