Тричковиќ од ДПСМ за тенковите донирани на Украина: Власта си вели „НАТО ќе нѐ брани, Србија ќе нѐ храни, ние ќе крадеме и распродаваме“

1 min read

„Отидоа македонските тенкови на пат за Украина. Македонската влада си спие на увото “НАТО ќе не брани, Србија ќе не храни – ние ќе крадеме и распродаваме”, ама уште малку…“, напиша на Фејсбук членот на извршниот одбор на Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ), Мирослав Тричковиќ, објавувајќи снимка од колоната која ги превезува македонските тенкови кои Владата реши да ѝ ги донира на Украина.

Изјавата на Тричковиќ, заедно со видеото, кое подоцна се прошири на социјалните мрежи, денеска ја пренесуваат редица српски, руски и други медиуми од регионот и од светот.

Откако вчера се појавија снимките од колоната со тенкови, која се движи по македонските патишта, Министерството за одбрана потврди дека се работи за донација за Украина од тенковите Т-72 на Тенковскиот баталјон на АРМ, кој министерството најави дека ќе биде расформиран. Образложението за донацијата е дека овие тенкови за неколку години ќе бидат целосно застарени и некомпатибилни со стандардите на НАТО, па властите решиле да ги донираат, бидејќи тие секако требало да бидат уништени.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Топлес во шестата деценија од животот: Ел Макферсон на насловната на магазинот „ELLE“

Следно

Премиер со повик: Функционерите и вработените во приватниот сектор да ги извадат вратоврските за да штедат струја

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian